Почина нобеловецот Лиу Сјаобо

Добитникот на Нобеловата награда, кинескиот дисидент Лиу Сјаобо починал во Шангај, соопштија градските власти. Нобеловиот комитет ги обвини кинеските власти дека се одговорни за неговата „прерана смрт“.

„Денес им се приклучувам на оние во Кина и низ целиот свет кои тагуваат поради трагичното заминување на добитникот на Нобеловата награда за мир, кој почина служејќи ја затворската казна во Кина поради мирното промовирање на демократските реформи“, наведува во соопштението американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Лиу Сјаобо имал тежок облик на карцином на црниот дроб. Локалните власти наведоа дека не успеале обидите да го спасат неговиот живот, откако поради болеста започнале да му откажуваат и други органи.

Кинескиот дисидент и активист за човекови права Лиу Сјаобо (54) беше осуден на 11-годишна затворска казна поради „противдржавни активности“.

Кинеските власти го пуштија на слобода за да може да се лекува откако му беше дијагностициран рак, изјавил претходно неговиот адвокат, дополнувајќи дека Лиу веднаш бил пуштен на слобода кога му била откриена болеста.

Поранешниот професор по книжевност стана познат како лидер на штрајкот за време на протестите на Плоштадот Тјенанмен во 1989 година. Тогаш е осуден на 20 месечна затворска казна, а во 1990 година мина еден период в затвор и во куќен притвор.

Повеќе пати изјавувал дека со казните кои му се изрекувани е прекршен уставот, но и основните човекови права.

Нобеловата награда за мир ја доби во 2010 година, поради како што наведе Нобеловиот комитет „својата долга и ненасилна борба за основните човекови права во Кина“.

По повод неговата смрт Нобеловиот комитет се огласи со обвинувања кон кинеските власти дека носат одговорност за неговата прерана смрт.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Масовна евакуација поради пожарите во Франција

Над 10.000 луѓе се евакуирани поради пожарите што ја зафатија југоисточна Франција, соопштија властите. Стотици ...

Претседателот на ОАД планира да ја изведе Венецуела пред Меѓународниот кривичен суд

Претседателот на Организацијата на американските држави, Луис Алмарго изјави дека планира да ја изведе Венецуела ...

Close