Почина новинарот Цветан Станоевски

На 83-годишна возраст денеска почина новинарот и публицист Цветан Станоевски.

Доајенот на македонското новинарство Станоевски (1934) потекнува од печалбарско занаетчиско семејство, од демирхисарското село Зашле. Основно образование завршил во Крушево, средно во Битола, а високо на Филозовскиот факултет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 1957 година се вработува во редакцијата на дневникот „Нова Македонија” во Скопје. Во неа минува 22 години на разни должности и ангажмани, главно од областа на културата, со посебна специјалност филмска уметност и со нагласен интерес за историјата на Македонија и македонскиот народ. Во сите свои написи, од дневен до аналитички третман на обработуваните теми, главна преокупација му е афирмација на автентичниот македонски национален идентитет. Прво е соработник на културната рубрика, како проследувач на настани од културата, рецензент и филмски критичар. Со време станува уредник на рубриката, а пројавува и низа иницијативи во покренување и издавање нови гласила.

Станоевски е еден од иницијаторите за покренување на вториот дневен весник „Вечер” (1963). Член е на неговиот прв уредувачки колегиум, уредник на културната рубрика. Во 1967 го покренува и станува одговорен уредник на третото издание на хумористичниот весник „Остен”. По враќањето во „Нова Македонија” покренува иницијатива и застанува како главен и одговорен уредник на првиот македонски магазин во боја „Журнал” (1968). По враќањето во дневникот станува помошник на главниот и одговорен уредник на „Нова Македонија” и во тоа својство ги покренува неделниците „Екран” (филмска, ТВ и естрадна проблематика) и „Починка”, забавник.

Од 1972 година е постојан дописник на „Нова Македонија” од Москва. Ги објавил книгите „Како ја видоа Македонија, руски публикации за Македо-нија 1828-1913″ и студијата „Димпломатија во историја, историја на дипломатијата”, што е продолжување на првата книга.

Цветан Станоевски ќе биде погебан утре во 12.30 часот.



Додади коментар

Би те интересирало и

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е слуга на Заев и срам за целиот правосуден систем

Откако Специјалното јавно обвинителство денеска отвори 4 нови истраги, партијата ВМРО ДПМНЕ попладнево се огласи ...

Изгоре млада борова шума во Делчевско на површина од 40 хектари

Во пожарот кој беснееше вчера попладне во месноста В’ко во атарот на селото Драмче во ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger