Почина писателот Иван Ивановски

Вчера во Скопје, по долго боледување, почина писателот Иван Ивановски – соопшти денеска Друштвото на писателите на Македонија.

По повод смртта на Иван Ивановски, утре (вторник) во 11.30 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи комеморативна седница. За животот и делото на Ивановски ќе зборуваат претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, и театрологот Јелена Лужина.

Посмртните останки на Иван Ивановски ќе бидат погребани во 14 часот на гробиштата Бутел крај Скопје. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 13 до 14 часот. Пред капелата за делото на Иван Ивановски ќе зборува театрологот Тодор Кузманов.

Иван Ивановски роден е во Дебар во 1930 година. Долги години беше уредник во Македонското радио. Беше член на ДПМ од 1967 година.

Иван Ивановски зад себе остави богат и разновиден опус како поет, раскажувач, писател за деца и театарски критичар. Автор е на стихозбирките „Ветки од љубов“, „Варијации“ и „Водоскоци на сонот“, како и на голем број книги од областа на театрологијата, меѓу кои: „Волшебникот на сцената“, „Плима и осека“, „Незаборавни средби“, „На своја почва“, „Во чекор со времето“, „Македонската театарска критика и театрологија“, „Пред кренатата завеса“ и „Половина век театар во Македонија“. Меѓу книгите за деца се „Врти се врти вретенце“, „Ах ти мило детенце“ и „Штурчевото дуќанче за музикалии“.

Иван Ивановски е добитник на високи награди од областа на литературата, театарот и публицистиката, меѓу кои: „Мито Хаџивасилев“, „Крсте Мисирков“, „13 Ноември“, „Војдан Чернодрински“, „Димитар Митрев“, како и на двете највисоки државни награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“.

Би те интересирало и

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...