Почина поранешниот англиски репрезентативец Ехиогу

Поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија, Уго Ехиогу почина во болница ден по срцевиот удар – соопшти денеска Тотенхем, клубот каде што работеше со младинскиот тим.

Ехиогу колабираше вчера на „Вајт Харт Лејн“ за време на тренингот по што беше префрлен веднаш во болница во Лондон, но лекарите не успеаја да му го спасат животот. Поранешниот играч на ВБА, Астон Вила, Мидлзборо, Лидс, Ренџерс и Шефилд почина во 44-та година.

За англискиот национален тим одигра четири натпревари и даде еден гол, а последните три години беше дел од стручниот штаб на Тотенхем и го предводеше тимот до 23 години.

Додади коментар

Би те интересирало и

Ибрахимовиќ го одби новиот договор со Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, одбил да потпише нов едногодишен договор со клубот, вреден ...

ФИФА потврди: Видео технологијата ќе се користи на Мундијалот во Русија

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека видео-технологијата ќе се користи на ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger