Почина пратеникот Драгољуб Николовски – Ганди

dragoljubnikolovski

На осумдесет и осумгодишна возраст, на 13-ти овој месец, почина истакнатиот општественик и долгогодишен носител на повеќе општествено-политички функции, Драгољуб Николовски – Ганди (1928 – 2016). Тој беше долгогодишен пратеник во Собранието на Македонија,  секретар на Околискиот комитет на СКМ – Велес, претседател на Одборот за просветно-културни прашања на Републичкиот собор во Собранието на Македонија, претседател на Одборот за општествено-политички систем во Собранието, член на повеќе републички и сојузни комисии, организации и тела.

Имаше особено значајна улога како секретар на Републичката заедница за образование и секретар на Републичката заедница за научни дејности, при што даде нескромен, голем придонес за развојот на образованието и науката во Македонија.

Драгољуб Николовски – Ганди беше дипломиран историчар на Филозофскиот факулет во Скопје, професор по историја, а во текот на неговиот животен век беше и директор на основно училиште и на гимназија во Велес. Добитник е на повеќе општествени признанија и признанија од институции. Добитник е на многу ордени меѓу кои е и „Орден на Републиката со бронзен венец“ и медали за работа и за храброст.

Ганди ќе биде запаметен како исклучително значајна личност за развојот на образовно-научната дејност во Македонија. Неговата мисија и влогот во оваа дејност е од исклучително важно значење. Посебен придонес има за развојот на археолошкиот локалитет Стоби и во поддршка за проекти од образованието, науката и културата, како и поддршка на странски стипендии и проекти во Македонија. Накратко, во македонската современа историја, тој ќе остане забележан како една од личностите-темелници на образовно-научната дејност во Македонија во текот на втората половина на 20 век.

Последна почит на  Драгољуб Николовски ќе му биде оддадена утре со почеток во 10:30 часот во капелата на Градските гробишта Бутел, а погребот ќе биде извршен во 11:00 часот.

Би те интересирало и

Се’ уште нема потврда од грчкото МВР за апсењето на Грујевски и Бошковски

МВР се’ уште нема добиено официјална потврда од грчката полиција за апсењето на поранешните началници ...

Тешко повреден работник додека сечел дрва

Додека сечел дрва со тешки телесни повреди се здобил 30 годишен жител од гостиварско Ново ...