Почина српската кантавторка Јадранка Стојаковиќ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Почина српската кантавторка Јадранка Стојаковиќ

jadranka-stojakovic-foto-dragan-kadic-1462312557-898701-53588

Некогашната голема југословенска музичка ѕвезда, успешната кантавторка и сликарка, Јадранка Стојаковиќ денеска ја изгуби борбата со болеста моторен неурон. Таа почина на шеесет и петгодишна возраст, или четири години откако и беше откриена болеста, која подразбира постепено одумирање на мускулното ткиво.

Музичката кариера ја почна во Сараево. Во текот на 70-те почна да се занимава со обработка на песните на Алекса Шантиќ и Десанка Максимовиќ во нов музички аранжман. Работеше и применета музика за телевизија, а ја напиша и воведмната тема за 14. Зимски олимписки игри во Сараево во 1984 година.

Во 1988 година се пресели во Јапонија од каде се врати поради земјотресот. Од 2011 година живееше во Бања Лука во старечки дом. Беше вработена како уредник во музичката продикција на РТВ Република Српска.

jadranka-stojakovic-foto-dragan-kadic-1462312459-898699

Нејзините најпознати шансони се: „Све смо могли ми“, „Има нека тајна веза“, „Музика је свирала“, „Чаробњаци“, „Што те нема“….

Јадранка настапи на Евровизија во 1981 година кога пееше како придружен вокал на Сеид Мемиќ Вајта за песната „Лејла“ заедно со Неда Украден и Исмета Крвавац.

Последните 5 години живееше во домот во Бања Лука но не беше заборавена. Ја посетуваа колегите, пријателите и фановите, а во февруари одржа и хуманитарен концер. На бината излезе Жељко Јоксимовиќ, кој воедно беше и иницијатор и организатор на концертот како и Маја Татиќ, Ива Ќуриќ, Марко Бошњак, Романа Паниќ, Јелена Томашевиќ и Харис Џиновиќ.

 

Би те интересирало и

Протест и контра протест во Солун за Македонија

„Македонија е Грција“ пишува на паното закачено од рано утрово над бината во центарот на ...

Ји: Македонија и Грција се пред вистинска шанса да го решат тнр.прашање за името

Соединетите Држави го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите од Западен Балкан во рамките ...