Почина српскиот актер Небојша Глоговац – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Почина српскиот актер Небојша Глоговац

Српскиот актер, Небојша Глоговац  почина ноќеска на четириесет и осумгодишна возраст – потврдуваат неофицијално за „Блиц“. Како што пренесува медиумот, актерот починал на одделот за пулмологија во Српскиот  клинички центар, каде бил примен пред два дена поради влошена здравствена состојба.

Глоговац пред десетина дена бил примен и на Институтот за онкологија. Тогаш медиумите објавија дека познатиот актер е тешко болен и дека неговата здравствена состојба е сериозна.

Утринава на социјалните мрежи од него се збогува неговата колешка Наташа Нинковиќ.

Засекогаш во моето срце. Со ангелите мил мој… – напиша актерката

Инаку, Глоговац на 30- јануари годинава итно бил примен во болницата во Белград поради сериозни здравствени проблеми. Небојша Глоговац досега толкувал бројни улоги како на телевизија, така и во многу театарски претстави.

Би те интересирало и

18 годишна девојка украла пари и злато од својот дом

18 годишна девојка од тетовското село Туденце е осомничена за кражба која ја извршила в ...

Синот осомничен за убиство на 62 годишниот штипјанец

Синот заедно со негов пријател го убиле 62 годишниот штипјанец Т.Б, велат првичните сознанија од ...