Почна Меморијалниот марш во чест на претседателот Борис Трајковски

Петнаесетина планинари од Струмица и Радовиш го почнаа Меморијалниот марш од Струмица до Скопје во чест на претседателот Борис Трајковски. По 12. пат ПАОК „Ентузијаст“ го организира маршот долг 202 километри кој ќе заврши в недела на 26 февруари на градските гробишта Бутел, каде што ќе се одржи чествувањето на гробот на Трајковски.

„Ова е првиот дел од Меморијалниот марш. Очекуваме учество на планинари од различни градови во една од четирите фази на 202 километарската траса. Според нашите очекувања, 15 планинари ќе ги поминат сите километри. Во текот на маршот имаме обезбедено возило со храна и друга опрема за да ни помогне во текот на планинарењето“, вели Коло Ристов од ПАОК „Ентузијаст“.

Вториот дел од одбележувањето во чест на претседателот Борис Трајковски ќе се одржи со дводневниот марш на планината Беласица во должина од 35 километри до врвот „Борис Трајковски- Ботра“ со височина од 1.880 метри.

„Во овој втор марш очекуваме учество на 80 планинари од Струмица, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Скопје, како и гостите од Бугарија од градовите Петрич, Сандански и Софија. И годинава, ќе му оддадеме почит на Трајковски на врвот кој го носи името во негова чест. Имаме обезбедено храна за учесниците“, појасни Ристов.

Би те интересирало и

Случај Труст: На денешното рочиште дојде и вториот сведок

Во 12.30 треба да продолжи денешното судско рочиште за случајот ,,Труст“ на СЈО. Целата вест ...

Голема акција за чистење на Скопје

Со цел да се намали загаденоста во главниот град, градските власти од општина Бутел ја ...