Почна судењето на поранешната јужнокорејска претседателка

Поранешната претседателка на Јужна Кореја Парк Гвен Хје во вторник ги негираше обвиненијата за корупција, на почетокот на судењето кое се очекува да трае неколку месеци.

Парк му рекла на судијата дека го има „истиот став“ како и нејзините адвокати, кои тврдеа дека не сторила никакво прекршување на законот.

Обвинителството против Парк поднесе обвинение за злоупотреба на власта, корупција и изнудување, бидејќи наводно ги принудувала големите компании да донираат десетина милиони долари за две непрофитабилни организации што ги контролирала нејзината пријателка и блиска соработничка Чои Сун Сил.

Ако биде прогласена за виновна, би можела да биде осудена на доживотен затвор.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Силен земјотрес го погоди островот Ероманго

Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени го погоди островот Ероманго во државата Вануату во ...

Макрон повика на формирање контакт група за Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на формирање на ...

Close