Почнуваат Зимските олимписки игри во Пјонгчанг – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Почнуваат Зимските олимписки игри во Пјонгчанг

Во текот на следните две недели, погледите на спортските навивачи ќе бидат насочени кон Јужна Кореја. Денес официјално започнуваат 23. Зимски олимписки игри, кои ќе бидат отворени со прекрасна церемонија со почеток во 12 часот по македонско време. Церемонијата ќе се одржи на минус 10 степени, но чувството на ладно може да биде уште позабележително ако дува ветер.

Тричасовната церемонија ќе се одржи во ПјонгЧанг, но доста од спортистите кои беа изјавиле првично учество, се откажаа поради веројатноста да се разболат. За оние кои ќе го посетуваат се обезбедени специјални облеки, кои вклучуваат пончо и ќебе, капа, подлога за седење итн. Американците, сепак, одлучија да се реосигураат и да учествуваат на церемонијата со опрема, која се затоплува со помош на батерии.

Мир на планетата ќе биде тема на отворањето, со повеќе од 2.000 луѓе кои ќе учествуваат на церемонијата.

На овие Олимписки игри ќе настапат и тројца македонски спортисти и тоа:

– Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма)
– Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)
– Викторија Тодоровска – Крос кантри / дисциплина 10 км/.

Македонското знаме на отворањето на Олимписките игри ќе го носи олимпиецот Ставре Јада.

 

Извор: www.standard.mk

Би те интересирало и

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во ...

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои ...