Почнуваат „Струшки книжевни средби“

Со учество на четириесеттина поети од земјава и од странство, во поетска Струга, денеска и утре ќе се одржува 7. Меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби – 2017“. Манифестацијата, покрај во Струга, се одржува и во Охрид и во Вевчани, во организација на културниот центар „Бран“ и меѓународната ревија за книжевност „ Бранувања“.Учествуваат писатели од Македонија, Албанија, Србија, Германија, Бугарија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Русија и други земји.

Меѓу учесниците се и добитниците на наградите „Книжевна далга“ – академик Ристо Василевски (Србија), „Струшко слово“ – Мујо Бучпапај (Албанија), Жарко Милениќ (БиХ) и Панде Манојлов (Македонија). Ќе учествуваат и годинашните добитници на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“, Стефан Маркоски и Зоран Јакимоски.

Уредникот на „Бранувања“, Петко Шипинаровски, информира дека на Вевчанските извори ќе биде одржан „Поетски хепенинг“, каде ќе биде претставена современата поезија на Србија со поетите Александар Чотриќ, Славица Пензаловиќ – Мастикоса, Ружа Мијовиќ Сориќ, Биљана Миловановиќ Живак, Новица Сврљиќ и Ристо Василевски.

На поетскиот хепенинг „Езерски импулси“ ќе биде доделена и наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна. Во спомен на поетесата Светлана Христова Јоциќ ќе се одржи бдеење, а беседа ќе има за македонската поетеса Костадинка Коца Ѓорѓевска, која живее и твори во Германија. Во рамките на програмата ќе биде претставен српскиот поет и сатиричар Александар Чотриќ, а ќе бидат промовирани повеќе книги и списанија.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Формиран Совет за култура, Ѓунер Исмаил избран за претседател

Со одлука на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, вчера се основа Советот за култура како ...

Коњаниците од Горно Лисиче тргнуваат за Крушево

Коњаниците кои се на возраст од 18 до 65 години, а меѓу нив има и ...

Close