Почнува СП во ракомет, Македонија по петти пат учесник на Мундијалите

svetsko-prvenstvo-rakomet

Светското ракометно првенство стартува денеска во Франција и ќе трае до 29 јануари, а титулата ќе ја брани домашната репрезентација која ќе го отвори шампионатот со дуелот против Бразил, вечерва од 20.45 часот.  Меѓу фаворитите за титула, освен домаќинот се и Данска, Шпанија, Германија и Хрватска.

Франција за првпат од клупата ќе ја предводи селекторот Дидие Динар, на теренот ќе ги предводи Никола Карабатиќ, додека на голот ќе биде 40 годишниот Тиери Омејер.

Данците се актуелни олимписки победници од Рио де Жанеиро и се надеваат на ново злато предводени од одличниот Микел Хансен, а борба за титулата најавува и силниот тим на Шпанија. Репрезентацијата на европскиот шампион, Германија се надева дека Андреас Волф ќе ги повтори маестралните партии од европското првенство, додека Хрватска, која доаѓа без четири важни играчи, секогаш знае да биде опасна.

Македонската репрезентација е во групата Б, заедно со Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола, а својот прв натпревар го игра утре против Тунис од 17.45 часот.

 

Ова се сите групи:

Група А: Франција, Полска, Русија, Норвешка, Бразил и Јапонија

Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис и Ангола

Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле и Саудиска Арабија

Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин и Аргентина

 

Во осмина финалето ќе се пласираат по четири репрезентации од секоја група, а ќе се вкрстуваат тимовите од А и Б групите, како и од Ц и Д.

 

 

Би те интересирало и

Без грижа, светла е иднината: Вардар веќе има подобар голман од Штербик!

Трансферот на Арпад Штербик од Вардар во Веспрем на крајот од оваа сезона ги загрижи ...

Сплит нема да биде домаќин на А-групата на ЕП во ракомет?

Хрватска од 12 до 28 јануари в година ќе биде домаќин на Европското првенство во ...