Почнува Фестивалот на нов британски филм „PlayUK“

Во организација на Британскиот совет и Младинскиот културен центар, од денеска до 19 февруари ќе се одржува Фестивалот на нов британски филм „PlayUK“ на кој премиерно ќе бидат прикажани десет играни и документарни филмови од современата британска продукција.  Фестивалот ќе биде отворен со продолжението на култниот филм „Т2 Трејнспотинг“ (Trainspotting) во кино „Милениум“, а во наредните денови проекциите ќе бидат во киното „Фросина“.

На програмата на „PlayUK“ се и: „Градот Лондон“ – документарец за животот на работничката класа во предградијата на Лондон во 1979; драмата „Уна“ – емотивна приказна за млада жена која почнува романтично патување во потрага по нејзиното минато; играниот документарец „Признание“ – за ширењето на џихадот во современиот свет и реакцијата на Западот.

Фестивалот го донесува и филмот „Слободна стрелба“ – за банди во Бостон во 1970-тите;  драматичната комедија „Патувањето“ – инспирирана од точката на пресврт во британската и ирската историја; ремек-делото „Белешки за слепилото“ – филм кој го истражува внатрешниот свет на слепилото и прикажува „свет над видот“ вклучувајќи ги и соништата, сеќавањето и имагинарниот живот.

На „PlayUK“ ќе бидат прикажани и комедијата „Вештините во животот на возрасните“ – приказна за самодовербата и гордоста; „Човекот од Mo’Wax“ – документарец за животот и кариерата на музичкиот продуцент Џејмс Лавел,  и „Најдоброто од нив“ – филм кој раскажува за патот на млада жена во хаосот на војната во Лондон во 1940 година.

Покрај во Скопје, фестивалот ќе се одржува уште во пет градови во регионот – Белград, Подгорица, Призрен, Сараево и Тирана.

– Филмовите кои ќе се прикажат за време на четирите дена во шест градови од регионот во рамките на фестивалот „PlayUK” ја слават човековата издржливост и способноста за изнаоѓање вистински одговори и решенија во тешки времиња – соопштувааторганизаторите.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Со два концерти вечерва завршува музичката програма на годинешното „Охридско лето“

Со два концерти за претпоследниот ден на 37. фестивалско издание вечерва завршува музичката програма на ...

Над 60 филмови на осмиот „Македокс“, кој почнува вечерва

Со македонската премиера на документарниот филм „Со љубов“, снимен по сценарио на Атанас Георгиев и ...

Close