По неколку обиди за силување, фатен манијак кој ги вознемирувал струмичанки

Дваесет и едногодишен радовишанец доби 30 дневен притвор, откако на лице место бил фатен од полицаец додека се обидувал да силува струмичанка.

Како што информираат од МВР, во полициската станица во Струмица било пријавено дека од почетокот на февруари па се до овој месец, во вечерните часови манијак ги напаѓал жените и се обидувал да ги силува.

-Според документираните сознанија од истрагата сторителот во периодот од февруари годинава до крајот на овој месец, на подрачјето на Струмица, поточно на улиците “Максим Горки“, “Маршал Тито“, “Киро Абрашев“, “Ката Поцкова“ и други, најчесто во периодот од 19,00 до 23,00 часот, извршил повеќе кривични дела на начин што им приоѓал од зади на женски лица и потоа со едната рака ги фаќал за уста а со другата ги фаќал за гениталиите и градите, а по брзата реакција и барање помош од нападнатите веднаш се давал во бегство.

На 26-ти овој месец, околу 19,00 часот на ул. “Мити Хаџи Василев  Јасмин“  во Струмица,  во моментот на извршување на  кривичното дело А.М. е фатен на лице место од страна на полициски службеник, по што  веднаш е лишен од слобода и приведен во СВР Струмица. На  предлог на Јавниот обвинител од Струмица, од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му  е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека  против  А.М  (21) од с.Калуѓерица, Радовиш, поднесена е кривична пријава поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил три кривични дела “силување во обид“ по чл. 186 а во врска со член 19 од КЗ на РМ.

Преземено од: Фокус

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...