По низата јавни реакции, СДСМ предлага намалување на надоместокот за патни трошоци – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

По низата јавни реакции, СДСМ предлага намалување на надоместокот за патни трошоци

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието доставува предлог измени на два закона со кои се регулира исплатата на надомест за трошоците за престој и превоз на пратениците кои патуваат со сопствено возило. Ова следи по низата реакции на јавноста за високите надоместоци кои ги зеле дел од пратениците.

Координаторот на пратеничката на група на СДСМ, томислав Тунтев денеска појасни дека измените се однесуваат на Законот за плата и други надоместоци на пратениците, но и на Законот за пратеници:

„Интенцијата на пратениците е овој надоместок што го добиваат пратениците да се намали најмалку за половина, односно неговата висина од 30 % да се намали на 15 % од цена на литар гориво по изминат километар. За таа цел веќе имаме подготвено и Предлог одлука со која поконкретно се регулира начинот на исплатата на надоместокот за патни трошоци и со неа предлагаме висината на надоместокот да се преполови, односно да се намали од 30 на 15 %.“

Доколку се усвојат овие законски измени, пратениците кои живеат надвор од Скопје ќе треба да плаќаат патарини со кредитна или пак со дебитна картичка во сопственост на пратеникот.

„Преку таканаречените слипови, потврда за извршена трансакција ќе се докажува дека пратеникот лично ја платил патарината.“

Пратеникот Тунтев е еден од оние кои јавноста ги критикуваше изминатиот период, поради надоместокот што им бил исплаќан за патни трошоци. Според истражувањето на СКУП центарот за истражувачко новинарство, Тунтев наплатил скоро 4 илјади евра за четири месеци за превозот од родниот Охрид до Скопје.

Би те интересирало и

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од ...