Со нови 27 проекти УСАИД ќе ја унапредува демократијата во Македонија

Обвинувањата дека се меша во македонската политика, нема да ја поколебаат Американската агенција за меѓународен развој да ги поддржува целите на Македонија, меѓу кои е и членството во ЕУ. Досегашната власт која повеќе пати упати жестоки критики, сепак и самата има соработувано со оваа Агенција. На заедничките проекти денеска потсети и директорот на Канцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, Едвард Гонзалес.

„Она што го посакуваат сите политички партии во Македонија е влез на земјата во Европската унија, а УСАИД би била среќна ако може да пружи помош и поддршка за таа цел“, изјави при денешната посета на американското катче во Штип, Едвард Гонзалес.

-Мојата денешна презентација е наречена УСАИД Македонија „Кои сме ние и што работиме овде во Македонија“  и ќе пружам преглед на сите настани коишто се случувале и сите проекти кои се поддржани од УСАИД. Во Штип имаме многу проекти коишто се посветени на работа со младите, а еден од нив е „Проект за граѓанско учество“.  Овој проект нуди финансиски средства за создавање на проекти што ќе пружат соодветна врска меѓу граѓаните и локалната власт. Уште еден битен проект е „Читачите се лидери“ во соработа со сите училишта во Македонија и е посветен на започнувањето  со читање уште на мала возраст, а исто така се посветува внимание и на математика – потенцираше Гонзалес.

И покрај соработката што македонската влада  со години ја имала со оваа Агенција, дел од медиумите во земјава изминатите месеци пишуваат дека за време на мандатот на претседателот, Барак Обама, САД биле вмешани и финансирале обид да се смени македонската власт.  Медиумите исто така, јавуваа дека од Агенцијата во Фондацијата на Џорџ Сорос се слеале пет милиони долари за организирање протести во Македонија кои би имале влијание врз внатрешната политичка ситуација. Во меѓувреме, покрај ваквите написи, од УСАИД велат дека во моментот работат на 27 проекти за развој на општеството.

Додади коментар

Би те интересирало и

Новинарите и понатаму се соочуваа со пречки во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Или не добиваат информации, а ако ги добијат чекаат по месец и половина. Со вакви ...

Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој ...

Close