По оставката на директорот штрајкот во „Еурокомпозит“ во мирување – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

По оставката на директорот штрајкот во „Еурокомпозит“ во мирување

Откако генералниот директор Александар Кузески поднесе неотповиклива оставка, Синдикатот на прилепски „Еурокомпозит“ го стави штрајкот во мирување и од понеделник вработените ќе се вратат на работа.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, токму смената на раководството беше еден од условите за протести и штрајк, па од понеделник се враќаат на работа.

–По дописот од Владата дека генералниот директор Александар Кузески си поднесе неотповиклива оставка, како синдикат донесовме одлука штрајкот да го ставиме во мирување. Од понеделник доброволно по наша инцијатива донесовме одлука ќе продолжи работниот процес во погоните на „Еурокомпозит“. Има работа по договори за странство и за МВР. Ќе очекуваме назначување нов директор. Со Владата е договорено во наредните шест месеци да добиваме по една нето плата и да се реши ситуацијата во компанијата, рече Богданоски.

Синдикатот има поднесено приговори до Бордот на директори по неодамнешните 10 решенија за суспензија на членови на Синдикатот и очекува нивно решавање.

Досегашниот директор Александар Кузески ја потврди оставката и вели дека се надева оти компанијата ќе се стабилизира.

-И претходно изјавив, доклку мојата оставка е услов во компанијата да тргнат работите на подобро, во ред. На Еурокомпозит“ му посакувам се најдобро, да се стабилизираат работите и да биде успешна фирма.

Околу 260 вработени во наменската фабрика „Еурокомпозит“ имаат 16 неисплатени заостанати плати а придонесите не им се платени од јуни 2012 година.

Според неофицијални информации на Синдкатот, новиот директор на оваа државна компанија ќе биде прилепчанец.

 

Петар Димоски

Би те интересирало и

Вработените во „Еурокомпозит“ повторно го блокираа патот Градско-Прилеп

Дел од вработените во прилепскиот загубар-државната компанија „Еурокомпозит“ денес со нови протести. Во временскиот интервал ...

Полимерни банкноти од 10 и 50 денари од 15 мај

Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска ...