По три години сопругата на Дуле, Љупка ја откри причината за смртта на пејачот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

По три години сопругата на Дуле, Љупка ја откри причината за смртта на пејачот

Три ипол години по смртта на пејачот Душан Љубисављевиќ – Дуле, неговата сопруга Љупка првпат јавно проговори во јавноста за губењето на својот сакан. Љупка била гостинка во утринската емисија на една национална телевизија.

Љупка рекла дека Дуле починал од болест, а не како што се пишувало по медиумите, од „различни измислени работи“.

Дуле беше болен од рак на дебелото црево, јас дознав многу доцна за тоа, од наш заеднички пријател, музичар во групата „Синтезис“, му се доверил нему. Дуле не сакал да ми каже за да не ме растажи – рекла Љупка.

Сопругата на Дуле рекла дека долго време живеела во депресија, не излегувала од дома и не сакал да разговара со никого

За среќа пријателите секогаш беа тука за мене и не ме оставиле и ден-денес. Тешко ми е тука во Скопје, самохрана мајка сум, најтешко ми е за празниците, испраќањето во училиште – рекла Љупка.

Преземено од: СлободенПечат

Би те интересирало и

Превозниците на руда за „Фени“ не постигнаа договор со „Џи сол“

     Превозниците од Здружението “Кипер” на кои кавадаречкиот комбинат зa никел Фени им должи ...

Меркел: Спорот за името се приближува кон решение

Спорот меѓу Македонија и Грција за името треба да биде решен, но врз процесот не ...