По 35 години забрана, ќе има кино проекции во Саудиска Арабија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

По 35 години забрана, ќе има кино проекции во Саудиска Арабија

По 35 години забрана на кината, во Саудиска Арабија започнаа проекции на анимирани филмови.

Првите постојани кино-сали ќе бидат отворени во март годинава, но проекциите веќе почнаа во холовите на културните центри.

– Немаме инфраструктура за вистински кина, но го користиме она што го имаме. Проекторите, салата и машината за пуканки – изјави Мамдоух Салим, чија компанија „Кино 70″ организира проекции.

Компанијата одлучила прво да пушта анимирани филмови за деца, како што е филмот „Емотикони”.

Кината во конзервативното кралство беа забранети, се` додека актуелниот принц Мохамед бин Салман не покрена промени и многу од претходните забрани беа укинати, како дел од економските реформи. Сите филмови, кои ќе бидат пуштени, прво ќе бидат цензурирани.

Илјадници Саудијци со години одеа во соседните држави, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, за да се забавуваат во кината или во забавните паркови, а сега саудиската Влада сака тие пари да ги задржи во земјата.

Би те интересирало и

Намирници кои може да ги конзумирате во вечерните часови без да имате грижа на совет

Многумина не можат да им одолеат на оброците во доцните часови, иако знаат дека во ...

Риз Витерспун ќе продуцира документарец за Мартина Навратилова

Познатата актерка, Риз Витерспун ќе продуцира документарен филм за поранешната тениска ѕвезда, Мартина Навратилова и ...