Православни верници протестираа во Санкт Петербург поради филмот „Матилда“

Дваесетина православни верници вчеравечер протестираа поради прикажување на филмот „Матилда“, за љубовта на царт Николај Втрои со примабалерина Матилда Кшешинска.

Демонстрантите се собраа пред Маринскија театар, каде филмот беше предпремиерно прикажан, а премиерата е денеска.

Филмот ги налути националистите и православните верници бидејќи Николај Втори е прогласен за светец, канонизиран за светец од Руската православна црква.

Руската полиција минатиот месец приведе неколку активисти под обвинение дека го потпалиле автомобилот на режисерот на филомот, а имаше и обид за подметнување на пожар во филмското студио.

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...