Празничен викенд – предлог Дојран

За настанувањето на овој историски град постојат голем број на легенди и преданија во кои се верува. Најпозната е приказната со девојката Дојрана, и покрај тоа што потеклото на името на овој град никогаш не е дознаенo.

На патот за Дојран, додека патувате ќе имате можност да се насладувате на сите рајски овошја. Калинки, маслинки, киви, смокви, мандарини, но сево ова после ручекот, а за ручек задолжителна е рибја чорба, плескавица од икра и се разбира дојрански крап на трска.

Денешен Дојран покрај тоа што е прекрасно место за одмор и рекреација, со својата медитеранска клима, лековита кал, алги кои испуштаат јод – ви создаваат чувство како да сте на море.

Сегашното Дојранско Езеро е остаток од некогашно Пеонско Езеро и припаѓа на т.н. Пajонска група на природни балкански езера. Регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит.

Нешто што мора да посетите додека престојувате во Дојран е езерскиот музеј, сместен во просториите на локалната самоуправа. Изобилува со колекција од растителниот и животинскиот свет од Дојранското Езеро, а воедно претставен е и карактеристичниот начин на лов на риби и направена е карактеристична рибарска колиба.

Локалната храна и специјалитети ќе го задоволат секој вкус, умерено топлото време ќе го направат престојот прекрасен, а уживањето во езерото и знаменитостите ќе ги паметите до следната посета.

Би те интересирало и

Акција „Вдоми куче“ во Куманово

Граѓаните на Куманово денеска на градскиот плоштад имаа можност да одберат миленик куче во акцијата ...

До пладне нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија ...