Практични совети за безбедно возење на дожд и влажни коловози

Бројот на сообраќајни незгоди се зголемува при секој дожд, односно секогаш кога коловозот е мокар.

Колку и да изгледа наивно, возењето на дожд бара огромна концентрација и претпазливост, а во одредени ситуации од вас ќе ги изведе на виделина сите ваши возачки способности или неспособности. Имајте на ум дека и автомобилот на дождливо време има сосема поинакви карактеристики на забрзување, кочење и свртување, за разлика од истите параметри на суво време. Затоа држете ги двете раце на управувачот, игнорирајте ги мобилните телефони и внимавајте на патот.

Еве неколку практични совети како да си го олесните возењето при дожд и влажни коловози:

Застанете на најблиското паркиралиште доколку дождот е многу интензивен и почекајте истиот да престане.

Возете побавно! Еден од првите совети за возење по дожд е: Забавете! Кога паѓа дожд, тој се меша со нечистотијата и маслото на патишата, создавајќи опасен површински слој кој предизвикува лизгање на автомобилот. Штом забавите, поголемиот дел од гумата е во контакт со патот со што се намалуваат шансите за лизгање. Побавно возете бидејќи постои можност на патиштата да има и одрони од земја и камења кои се најчести за време на дожд.

Држете растојание. Држете доволно растојание од возилото пред вас за да можете навреме да го запрете автомобилот. Кога сте во град, особено внимавајте на хоризонталната сигнализација, на пример пешачкиот премин, како и „лежечкиот полицаец“ кои можат да бидат навистина опасни ако на нив не преминете со прилагодена брзна. Освен тоа, бидете особено внимателни за време на престигнувањето, бидејќи на облачно и врнежливо време видливоста е послаба. Исто така, запомнете дека кочењето е многу потешко на влажни патишта.

Избегнувајте нагло кочење. На дождот, особено во првите моменти кога ќе падне дожд и кога ќе се измеша со нечистотијата и маслото, патиштата се најопасни. Во таквите услови избегнувајте го наглото кочење.

Што во случај на лизгање. Воланот никогаш не го движете нагло поради можноста патиштата да се лизгави. Со воланот, гасот и кочниците на дожд секогаш бидете понежни отколку кога возите на суво.

Избегнувајте ги „реките од вода“. До појавата на „реки од вода“ доаѓа кога по дел од улиците се собира големо количество вода која пред вашите гуми се насобира побрзо отколку што тежината на вашиот автомобил може да ја исфрли. Поради притисокот од водата, кога многу врне, вашиот автомобил се подига и се лизга од тенкиот слој на вода помеѓу вашите гуми и патот. На тој начин големото количество вода милиметарски ги подига тркалата од патот, па гумите не се во состојба да ја пренесат сета сила на кочење.

Исушете ги кочниците. Ако возите низ вода која е длабока до дисковите на кочницата, кога ќе излезете од водата лесно притискајте на кочницата за да се исушат дисковите.

Култура во сообраќајот. Немојте да возите премногу блиску позади големи автобуси или камиони. И автомобилите со помали, но особено автобусите и камионите со многу поголеми гуми создаваат „витложен-спреј“ од вода кој ја прска вашата шофершајбна и ви ја намалува видливоста.

И обувките се важни. Ако возите со водени или калливи чевли, постои шанса ногата да ви се лизга од педалите. Било каква грешка на возачот на влажна улица се плаќа значително поскапо отколку на сува, и има далеку потешки последици. Поради тоа не заборавајте пред да го запалите возилото да ги избришите и исушите чевлите.

Кога ќе престанат врнежите, доколку сте возеле при интензивен дожд или низ подлабока вода, тестирајте ги кочниците. По потреба, со благо и константно кочење исушете ги плочките на кочниот систем.

Исто така, немојте да возите ако сте уморни. Застанувајте на секои 2 до 3 часа возење. Возењето на дожд од возачот бара многу поголема концентрација и почести паузи.

 

Извор: www.visokioktani.mk

Би те интересирало и

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...

Прва Барбика со хиџаб во светот

Американската олимпијка, Ибтихај Мухамед доби својата Барбика, направена во нејзина чест, која воедно е и ...