Пратеникот Бранко Манојловски побара легализација на истополовите бракови – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пратеникот Бранко Манојловски побара легализација на истополовите бракови

Највозрасниот пратеник во Собранието, Бранко Манојловски од ДУИ вчера на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, побара да се легализираат истополовите бракови во Македонија.

Како што рече тој, геј луѓето се прекрасни и тие треба да добијат еднакви права.

-Многу прекрасни луѓе. Треба да им се дадат сите права на хомосексуалците во оваа Република. Сите, дури и правото на брак. Ќе речете, зошто тоа? Еве зошто. Тие заедно работеле и направиле една куќа, и едниот умрел потоа. И сега, тој не може да ја наследи куќата затоа што бил хомосексуалец, изјави Манојловски.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Одложено рочиштето за Титаник 2: Обвинетите ќе го разгледуваат прочистеното обвинение

Денешното, прво рочиште за случајот Титаник 2 беше одложено, откако обвинителката Фатиме Фетаи им даде ...

Превентивни прегледи единствено со Семејно приватно здравствено осигурување на Еуролинк

Почнувајќи од денес, на сите клиенти кои ќе го одберат семејното приватно здравствено осигурување на ...