Пратеникот Влатко Ѓорчев на конференција на ОБСЕ во Австрија

Конференција за националните малцинства, на која ќе учествува пратеникот Владимир Ѓорчев, члeн на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, ќе се одржи во понеделник и вторник во Вилах, Австрија.

На оваа конференција ќе се дебатира за придонесот на националните парламенти во промоцијата на адекватните структури и прифатлива општествена средина за националните малцинства и ползата којашто може да ја имаат самите региони од овој позитивен развој.

На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати Кристин Мутонен, претседател на Парламентарното собрание на ПС на ОБСЕ, Хенрик Виладсен, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за национални малцинства, Роберто Монтела, генерален секретар на ПС на ОБСE.

Оваа конференција ќе биде организирана во три сесии: во првата сесија ќе се дебатира за можностите на националните парламенти во поддршката на националните малцинства, во втората сесија за учење од другите – случајот на Каринтија и во третата сесија за помирувањето на Балкан – меѓународни перспективи.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Оптимистички најави од новата локална власт во Неготино дека проблемот со недостиг на вода ќе отиде во заборав

Ќе се реши ли конечно проблемот со недостигот на водата за пиење во Неготино – ...

Граѓаните на Штип и надлежните в петок ќе расправаат за квалитетот на водата за пиење

Водоснабдување, квалитет на водата за пиење, одвод и канализација – ова се темите за кои ...