Пратеникот Љупчо Димовски ќе даде исказ за крвавиот четврток во Обвинителството – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пратеникот Љупчо Димовски ќе даде исказ за крвавиот четврток во Обвинителството

Пратеникот од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, денеска е поканет на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за настаните од крвавиот четврток.


Димовски е третиот пратеник кој како осомничен треба да објасни дали и какви дејствија преземал на 27 април 2017 година во Собранието. Нему судот му го продолжи куќниот притвор.

Во текот на неделата исказ во Обвинителството дадоа и пратеникот Јохан Тарчуловски и неговата колешка, Жаклина Пешевска. Сите пратеници се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое е пропишана казна затвор од најмалку 10 години.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...