Пратениците се враќаат на работа по паузата поради изборите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пратениците се враќаат на работа по паузата поради изборите

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за денеска ја закажа 18. седница, прва по одржувањето на локалните избори.

На дневен ред на седницата се Предлог на одлука за изменување на Одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, барање за давање автентично толкување на член 15 став 4 алинеа 5 и член 69 од Законот за градежно земјиште, поднесено од градоначалникот на Општина Илинден, барање за давање на автентично толкување на член 12 и член 13 од Законот за градежно земјиште, поднесено од в.д. градоначалникот на Општина Струга, барање за давање на автентично толкување на член 9 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки, поднесено од градоначалникот на Општина Куманово, како и барање за давање автентично толкување на член 14 став 4 и член 42 став 10 од Законот за минерални суровини, поднесено од градоначалникот на Општина Богданци.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Промовирана Стратегијата за образование: Целосна реформација на образовниот систем до 2025 година

Целосно реформирање на македонскиот образовен систем во следните седум години – ова е целта на ...

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...