Прашања на кои никогаш можеби нема да можеме да го најдеме одговорот

Постојат прашања за коишто ама баш никогаш никој не се потрудил да го најде одговорот.  Немојте да мислите дека ние ќе ви ги дадеме одговорите, туку сакаме само да ве потсетиме на нив, да ве поттикнеме да размислите и да ни дадете ваше мислење.

  • Зошто секогаш тој што вози побавно од нас е идиот, а тој што вози побрзо од нас е манијак?
  • Зошто кога возиме и бараме одредено место го намалуваме звукот на радиото?
  • Која е разликата кога временската прогноза вели дека денес времето ќе биде умерено облачно, а утре умерено сончево?
  • Зошто кога ќе се наводениш, алиштата стануваат потемни и покрај фактот дека водата е светла и бистра?
  • Зашто луѓето велат дека се утепани од работа како кучиња, кога кучињата лежат по цел ден?
  • Зошто редот во којшто чекаш ти, секогаш се движи поспоро?
  • Зошто постои миризлива тоалетна хартија?
  • Како е машки род од буба мара?
  • Кога прво го измислиле часовникот, како знаеле на колку часот да го наместат?
  • Од која страна е другата страна на улицата?
  • Дали постои сексуално злоставување на работа кај луѓето кои се самовработени?
  • Зошто во речниците го има зборот речник?
  • Зошто се перат пешкирите? Зарем тие не се чисти?
  • Зошто иглата за еутаназија се стерилизира?
  • Зошто камиказите носеле кациги?
  • Зошто се прават авотмобили кои се движат побрзо од законски дозволената граница?
Додади коментар

Би те интересирало и

БиХ ќе влегува во Гинисовата книга со најголем бурек на светот

Група ентузијасти од Босна и Херцеговина ќе организираат печење на најголемиот бурек во светот со ...

Најнепосетени туристички дестинации во светот

Според извештајот на Светската организација UN, во 2016-та година, само 1000 луѓе го посетиле јужно-пацифичкиот ...

Close