Прашање до девојките: Што ако дојде некој побобар од него?

Прашањето од насловот си го поставуваат голем број девојки, жени кои се во врска. Да убаво им е во врската, нема некои големи несогласувања, но што ако „негде таму“ има некој што е подобар? Или дури не е ни неопходно да е подобар, туку само поинаков, а вие би сакале и тоа да го пробате? Таквата дилема неретко доведува до раскинување.

Можно е да ви делува дека прашањето од насловот може да го постави само незрела личност. Ако е така, не сте далеку од вистината. Навистина е незрело да ја прекинете врската во која ви е добро, само за да можете уште малку да „пипкате, штипкате и пробувате“. Да најдете нешто „помладо и послатко“ или што и да е што ќе ви биде по воља.

Навистина е незрело, но незрелоста не е грев сам по себе. Не се раѓаме зрели, ниту пак постои точно одредена брзина со која сите мораме да созрееме. А да се прекине врска во која сте кога ќе увидите дека не сте расположени за нешто сериозно, туку дека сте расположени да испробувате, некогаш е сепак подобро и пофер отколку со сила да останете во врска во која повеќе не сакате да бидете и да ја лажете таа прекрасна личност која е со вас дека неизмерно ја сакате, или да останете во врска со таа личност и да ја мамите со секого што радозналоста ќе ве привлече.

„А што ако наиде некој подобар“ е фаза низ која минуваат голем број луѓе. Не сите, но многумина, па кога е веќе така, подобро е себе си да си признаеме дека сме во таква фаза и да се однесуваме согласно со тоа отколку да се лажеме себеси и другите и на крајот да ја повредиме личноста која е со нас уверувајќи ја дека ја сакаме колку и таа нас и да ја држиме како златна резерва така што не и дозволуваме да си најде некој друг – некој кој ќе биде способен навистина да и ја возврати љубовта.

Додади коментар

Би те интересирало и

Кои жени најмногу изневеруваат !!!

Многу фактори влијаат врз тоа дали партнерот ќе не изневери – незадоволство, привлечност од друга ...

Што открива вашиот датум на венчање?

Нумерологијата тврди дека датумот на свадбата зборува многу за самиот брак и ја одредува неговата ...

Close