Првата дама на Азербејџан стана прв потпретседател на земјата

Првата дама на Азербејџан, Мехрибан Алиева е именувана за прв потпретседател на земјата, а указот е потпишан денеска од шефот на државата, Илхам Алиев.

Функциите прв потпретседател и дополнителни двајца потпретседатели се предвидени со уставните измени, кои се изгласани во Азербејџан со референдумот одржан на 26 септември минатата година. Во измените се наведува дека при неможност претседателот да ги извршува своите обврски, тогаш неговите овластувања ги презема првиот потпретседател.

Илхам Алиев денеска ја назначи неговата сопруга како свој прв потпретседател на седница на Советот за безбедност на Азербејџан.

Мехрибан Алиева е родена на 26 август 1964 година. Таа ја предводи најголемата невладина организација во светот, фондацијата „Гејдар Алиев“, а истовремено е и амбасадор на добра волја при УНЕСКО и Исламската организација за образование, наука и култура (ИСЕСКО).

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...