Прва национална конференција за жените во спортот

Невладината организација ТАКТ, Скопје со поддршка од UN Women денеска ја организира првата национална конференција „Жени во спорт’’. На оваа конференција ќе се разговара за предизвиците и родовите стереотипи со кои се соочуваат македонските спортистки и за родовата (не)еднаквост во спортот. Освен идентификација на предизвиците, ќе се дискутира и за креирање на национални стратегии за зголемување на бројот на жените во спортот и во спортскиот сектор.

Панелистки ќе бидат проминентни спортистки, жени на раководни функции во национални федерации, како и претставници од институции надлежни за спорт.
Директорката на Центарот за спорт, мир и општество од САД, Сара Хилер (Sarah Hillyer) ќе биде специјалната гостинка на националната конференција.

Конференцијата ќе се одржи во четврток (1 јуни), со почеток од 10 часот, а ќе трае до 15 часот во City Center Hall.

Конференцијата е поддржана од UN Women, американска амбасада во Р. Македонија, Факултетот за физичко образование, здравје и спорт и спортската компанија Di Biaggio.

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close