Првото приватно национално радио во Република Македонија, Радио Канал 77 заокружува 26 години постоење

Радио Канал 77 започна со работа на 4-ти октомври 1991 година и од тој ден, како единствен национален медиум од срцето на Штип, веќе 26 години, ја шири магијата во етерот на 32 фреквенции ширум нашата земја.

Миксот на стари и добро познати, и нови, а квалитетни хитови низ сите радио појаси е поткрепен со најбрзиот радио сервис, на секој половина час го селектираме најважното од Македонија и светот во информативна смисла, се грижиме за безбедноста во сообраќајот на нашите слушатели, Ве информираме за временската прогноза.

Забавувајки се и информирајки ги нашите слушатели ние се доближуваме до нив.

Илјадници слушатели веќе 26 години се будат, одат кон работното место, ги завршуваат домашните обврски, си легнуваат… со нашата програма.

Бројните предизвици со кои се соочуваме во процесот на следење на најновите технолошки достигнувања и трендови во медиумскиот свет, од нас прават сериозен медиум, со главен императив – да бидеме најдобриот радио пријател на секој слушател.

Програмата на Радио Канал 77 се емитува од Штип и Скопје, со дописиничка мрежа од 14 градови од Република Македонија. За потребите на програмата, техничко одржување, маркетинг и тековно работење на радиото работно се ангажирани  вкупно  45 лица,  и поголем број од работно ангажираните лица се со високо техничко образование од областа на медиумското работење.

Програмските содржини се емитуваат и на нашата WEB страна, http://www.kanal77.mk/. Дистрибуцијата се врши преку 15 микробранови линковски фреквенции и 35 FM фреквенции.

Програмата на Радио Канал 77 се емитува и преку WEB Streaming  и преку IP и кабелски оператори во Македонија и регионот.

Радио Канал 77 е единствена радио станица на територијата на Југоисточна Европа која рекламните пораки ги дистрибуира по систем Splitting Advertising, на 3 нивоa локално, регионално и национално ниво, на 4 макро региони и на 12 микро региони.

Радио Канал 77 следејки ги новите технологии и иновации во радио и ТВ комуникациите, започнувајки од 01.08.2016 година за своите слушатели е достапен на Тотал ТВ  сателитската платформа и дигиталната IP телевизија Нет ТВ Плус.

Радио Канал 77 е единствено македонско радио кое е достапно на сателит. Па нашите клиенти се рекламирани и слушани на сите континенти.

ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ЈА ШИРИМЕ МАГИЈАТА…..

Би те интересирало и

Денови на електронски медиуми во Хрватска: Канал 77 на дебати за предизвиците во медиумската инудстрија и потенцијалите на дигиталното радио

Додека во Македонија се „крчкаат“ законски измени и се дискутира за  реформи во медиумската сфера, ...

Радио мрежа Канал 77 од денеска на TuneIn

Од денеска, можете во живо да ја следите програмата на радио мрежата Канал 77, преку ...