Прво финале за Шарапова по кам-бекот

Марија Шарапова ќе го игра првото финале по враќањето по допинг-суспензијата, откако ја победи домашната фаворитка и трета носителка на Тијанџин опен во Кина, Пенг Шуаи со 6:3/6:1.

Русинката се врати на тенисот во април откако отслужи 15-месечна суспензија поради позитивен тест на мелдониум на Австралискиот опен во 2016 година, по што се повреди пред Вимблдон, но имаше успешно враќање на гренд слем турнирите на САД опен, стигнувајќи до третото коло. Ова е прво финале за Шарапова од Рим во 2015 година.

Во финалето, популарната Маша ќе се судри со новата белоруска тениска ѕвезда, 19-годишната Арина Сабаленка, која ја „збриша“ Италијанката Сара Ерани со 6:1/6:3. Сабаленка ќе игра за својот прв ВТА трофеј в недела.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Пад на ранкингот на македонските тенисери: Јотовски за четири, Ѓорческа за 27 места

Најдобрите македонски тенисери, Томислав Јотовски и Лина Ѓорческа бележат пад на новите ранг листи објавени ...

Титула број 94 за Роџер Федерер

Во нивниот четврти меч во 2017 и 38. во кариерата Роџер Федерер по петтипат едноподруго ...