Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија – Прв дел – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Истражувачка сторија: Балканска медиумска индустрија – Прв дел

Македонски ендемски вид

Медиумската концентрација е клучно прашање за слобода на говор и информирањето, за што особено заитересирани се Советот на Европа и ОБСЕ, а уште повеќе Европската унија, за која ова прашање е еден од условите за преговори.

Во ова медиско опкружување успешно се вклопува профилот на директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, чија главна мисија беше да се етаблираат и да функционираат партиските медиуми. При тоа, Трајчевски како англиска кралица беше недопирлив за ниедна страна. Прашањето е формално – како да го разреши без загуба и се да си остане во етерот по старо, само формалната страна да биде запазена, а бирократската логика задоволена. Суштината не е важна. Истите медиумски газди од 90-тите остануваат главни играчи, со повремена појава на нов фантом или пират.

Балканската медиумска индустрија гледано преку призмата на македонскиот ендемски вид подразбира дека кога се менува власта се менуваат и клиентите. Тоа е првиот принцип.
Вториот принцип, кога се менува власта се менуваат и уредниците. И третиот принцип е политичка солидарност, поставена од времето на Љубчо (Георѓивски) и на Бранко (Црвенковски), која гласи: Кога сум јас на власт тебе не ти правам ништо, а кога ќе се смени ти мене не ми правиш ништо и сите се среќни.  Шарената ревозлуција донесе нов слоган, „Нема правда нема мир„ . Ќе одговараат сите, нема простор за скриен клиентилизам и корупција.

Итар Пејо и Насрадин Оџа објавија крај на медиумската транзиција

Можеби гласачите го препознаа овој нов бран, но дали тоа го препозна Зоран Трајчевски кој што преку својата Итар Пејо практика, заедно со заменик претседателот на ААВМУ, Милаим Фетаи како Насрадин Оџа, успешно владеат 6 години и се надеваат на нов мандат?

Повеќе никој не зборува за транзицискиот проблем стар 26 години, наречен транспарентност на сопствеништвото за медиумите. Не е ниту во приоритетните медиумски реформи.

Владата, потпомогната од изјавите на челниците од ААВМУ се чини дека го стави под тепих проблемот на сопствеништвото, со навидум комплицираните непристојни и испреплетени врски на политичари, бизнисмени и сопственици на медиумите. Методот „три во едно“ како изум на балканскиот транзициски медиумски простор продолжи да функционира, длабоко игнориран и од новата власт, институциите па и медиумските здруженија, кои остро повикуваа на „раскинување на клиентелистичките врски меѓу медиумските сопственици и власта“.

Формално директотот на ААВМУ Зоран Трајчевски побрза да објави дека е решена медиумската концентрација и да потврди дека настапи ерата на трансапретност, со тоа што две најголеми телевизии, Сител и Канал 5 ги сменија сопствениците, иако промената беше формална.

Неодамна, Емил Стојменов, синот на некогашниот министер од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Борис Стојменов, повторно и формално ја врати сопственоста над телевизијата.
Трајчевски прави кривично дело со тоа што овозможува на Стојменов, кој е син на политичар да остане во списите на оваа телевизија, со дозволата да се помине законскиот рок.

Стојменов доби 19 дена да ја отстрани медиумската концентрација, додека за останатите медиуми веднаш покренуваше постапка за одземање на дозволата. Постапката за отстранување на медимската концентрација требаше да биде завршена до 01.10.2012 година, меѓутоа, за Канал 5 рокот беше продолжен до 19.10.2012 година. Трајчевски и ААВМУ направија кривично дело, што беше премолчано и никој за тоа не одговараше.

Според закон, претседателот на Советот на ААВМУ, треба да побара кривична одоговорност за Трајчевски и покренување на постапка пред обвинитеството за неизвршување на службената должност.

Кој е Трајчевски ?

Зоран Трајчевски – машински инженер со вмровска прекоманда во медуми.

Директорот на ААВМУ доаѓа по годините поминати на позиции со типично политички назначувања. Нагорната линија на неговата кариера е во време на владеењето на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, кога вршел функции чувар на владиниот капитал во државните компании, вклучувајќи ја и функцијата застапник на владата во АД „Македонски телекомуникации“ и претседател на Собранието на акционери. Од владин застапник до претседател на Совет на Општината Аеродром од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Во неговиот работен век поминува години во Управните одбори на државните претпријатија, како „Македонски пошти“, „Комунална хигиена“, а бил директор до АД „ЕМО“ и заменик директор на ЈП „Македонска радиодифузија“.

Куриозитет во неговото CV е дека постипломски студии завршува на Привредна Академија во Нови Сад, Србија, а на истата академија се стекна со научен степен доктор на економски науки. Магистер е по машински науки и енергетска ефикасност и магистер по економски науки.

Во Агенцијата-поранешен Совет за радиодифузуија е од 2011 година, а следната година станува претседател на Советот се’ до 2014 година. Го спасува законската промена, кога добива нов шестгодишен мандат, кој му завршува во април 2018 година.

Деновиве „од извори од Брисел“ се пренесе дека ЕУ била против промената на Трајчевски од челното место во Агенцијата, за која во извештајот на Прибе се нотирани повеќе забелешки. Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи подоцна на прес конференција ова го демантираше со образложение дека „сите именувања да бидат според законската процедура, транспарентни и без никакви елементи на политички и на партиски реваншизам“.

Трајчевски, како што беше добар и послушен играч на претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, се обидува тоа да го прави и со новата, предводена од СДСМ, преку индискретно ставање на знаење на одредени партиски структури дека „е тука да угоди“. Секако, во тоа не му оди во пресрет предлогот на законска измена, со која, во ААВМУ не може да членуват или да бидат членови луѓе кои во изминатите десет години вршеле политички фукции.

Би те интересирало и

Економскиот раст и развој во стапицата на медиокритетската средина

доц. д-р Марјан Николов Загрижува што и новата Влада продолжува со програма за економски раст ...

Се редат „бисерите“ на директорот на ААВМУ

Нови „бисери“ од ризницата на директорот на агенцијата кој треба да ги регулира радиодифузерите во ...