Предности кои ги имате кога живеете во странство и не сакате да се вратите дома

Животот далеку од дома ве учи на многу нешта. Сепак, не е за сите. Потребно е да сте посебно силна и самоуверена личност за да се нафатите на овој чекор.

Кога некој ќе ви каже дека оние кои си ја пробуваат среќата во странство или бегаат од нешто или трчаат кон нешто, сигурно ви се чини смешно и бесмислено.

Но, кога ќе размислите, ќе разберете дека понекогаш е попаметно да започнете да трчате кон нешто, најбрзо што можете. Без враќање назад!

Слобода. Кога живеете далеку и сами добивате потполно нова дефиниција за поимот слобода. Слобода да одите каде и да посакате. Слобода да патувате. Слобода да ги правите личните избори кои ги посакувате. Слобода да бидете она што сте!

Не го гледате животот како ве одминува. Знаете дека сте преземале иницијатива и не чекате покрај вас да минуваат месеци, години, родендени, свадби, смртни случаи…

Математичките вештини ви се секогаш на високо ниво. Со самото тоа што секој пат ја пресметувате странската валута во денари, вашиот мозок работи на начин подобар од сите светски признаени конвертори.

Комуникација. Одговорите на било кој јазик кој не ви е мајчин се ценат двојно повеќе.

Приказни. Случките и доживувањата кои ќе имате можност да ги прераскажувате повторно и повторно се одличен начин да создадете нови и забавни пријатели. Нови аеродроми, трговски центри, кафулиња, ресторани…

Созревање. Колку пати и да не сте го признале ова, секој пат сè повеќе созревате. Учите како да се спакувате без да заборавите нешто, учите како да запознаете нови луѓе, да се снајдете и да преживеете.

Адреналин. Банџи скокачите и велосипедите кои возат по екстремни патеки повеќе не ви се чинат толку храбри. Ништо не е толку храбро, колку да се преселите некаде далеку. Некаде каде што немате никој. Некаде каде што сте опкружени со непознатото. Некаде каде секојдневно доживувате адреналински притисок.

Ја учите силата на првото „Здраво!” и последното „Збогум!” – Малкумина знаат како да го поднесат тоа, но вие го усовршивте! Тоа е најтешкиот, но најисплатливиот дел од целото искуство.

Додади коментар

Би те интересирало и

Зошто веднаш да се преселите во Норвешка

Оваа скандинавска земја има добиено највисоки оценки во 4 категории, како безбедноста, здравствениот статус, погодната ...

Би нуркале во најмистериозниот базен во светот?

Природниот базен, познат под името Џејкоб бунар, кој се наоѓа во Тексас и секојдневно ги ...

Close