Презентација за одржливост на пензискиот систем

Анализа за одржливост на пензискиот систем во Македонија ќе презентира денеска Центарот за економски анализи (ЦЕА). На презентацијата ќе бидат разгледани можностите за воспоставување одржливост на пензискиот систем во Македонија. На презентацијата ќе учествуваат Марјан Николов, претседател на ЦЕА, Ивана Велковска, истражувач во ЦЕА и универзитетскиот професор, Мирољуб Шукаров.