Презентација на можностите за пристап до средства за иновации

Како полесно да се стигне до средства од Фондот за иновации и технолошки развој – ова е темата на прес конференцијата на Сојузот на стопански комори на Македонија, во рамките на неговите активности кои имаат за цел компаниите подетално да се запознаат со инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф.

ССК во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија, организираат серија активности со цел компаниите подетално да се запознаат како функционира со инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф, во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 30.000 евра, како и Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации во чии рамки се доделуваат финансиски средства до 100.000 евра.

На прес-конференцијата ќе се обрати извршниот директор на Сојузот,  Митко Алексов и директорката на Фондот за иновации и технолошки развој, Јасмина Поповска.

Би те интересирало и

Во Прилеп почна исплатата на првите количини откупен тутун

Во Прилеп утринава на шалтерите на банките започна исплатата на тутунот за првите откупени количини ...

Биткоинот е речиси 8.000 долари, но инвеститорите со недоверба гледаат кон него

Иако вредноста на биткоинот порасна за неверојатни 700 проценти од почетокот на оваа година, поголемиот ...