Премиерот Заев од Криволак порача: Македонските војници го отвораат патот на Македонија во НАТО

Македонските војници го отвораат патот кон полноправно членство на земјата во НАТО, рече денеска премиерот Зоран Заев на армискиот полигон Криволак, каде присуствуваше на денот за високи гости на вежбата „Dragoon Guardian 17“.

Премиерот посочи дека, за тренинг на македонските војници кои учествуваат во мисиите, во Криволак во иднина може да се развива и инфраструктурата, па затоа Владата и Парламентот размислуваат за унапредување на севкупниот буџет на армијата која е важна за нас, а секако и за севкупната подготвеност во мисиите и мировните мисии во светот.

Заев беше задоволен што вежбата се реализира пред посетата на потпретседателот на САД Мајк Пенс на регионот.

За американскиот амбасадор Џес Бејли вежбата го покажува военото партнерство во акција каде американските и македонските војници работат на специфични воени вежби.

– Ова докажува дека нашите војници освен за акција се спремни и за хуманитарни акции. Оваа вежба не започна од овде од Криволак. Со серии на тренинзи започна во Германија каде што го правеа истото што и овде, потоа во Романија, Бугарија и Македонија. Ова е долг процес, но ова е тоа за што работат нашите воени партнерства. Овој вид активности можат да помогнат да се унапредат македонските аспирации за придружување кон НАТО, рече Бејли.

Вежбата започна на 28 јули и ќе трае до 10 август,денес пред присутните имаше демонстрација на активности, а целта е изработка на полетувачко-слетувачка патека на полигонот. На истата учествуваат 300 припадници на воените сили на САД и 95 припадници на АРМ.

Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close