Претежно облачно со кратки сончеви периоди

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно. Во западните делови ќе има кратки сончеви периоди, а во јужните и во источните делови на земјава ќе има услови за слабо проврнување на дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура се движи од еден до седум, а дневната од осум до 15 степени. Во Скопје слично време, претежно облачно со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

До вторник ќе преовладува стабилно време без врнежи и со пораст на дневната температура. В среда повторно се очекува од север да се спушти релативно брз и студен бран од север кој ќе предизвика температурата на воздухот да опадне за неколку степени. Ќе има повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а на повисоките планини ќе има локален снег. Потоа повторно се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close