Пречек на Нова година во МНТ – „Супернова 2018“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пречек на Нова година во МНТ – „Супернова 2018“

Македонскиот народен театар утревечер организира пречек на Новата година со настан „МНТ Супернова 2018 – Соѕвездие на добрата забава“.

Публиката ќе ја забавува актерот Сашко Коцев со стендап, а меѓу неговите 15-20-минутни настапи ќе има музика со учество на Биба Додева, Бени и Нонстоп, Александар Митевски и Дамир Имери бенд.

Почетокот на новогодшната вечер е во 21 часот. По доаѓањето на Новата година, публиката ќе продолжи да се забавува во фоајето на театарот каде што диџејот Драган Б. Костиќ ќе пушта рокенрол и ретро музика до 3 часот по полноќ.

Покрај забавна програма, пречекот вклучува и коктел. Од МНТ соопштија дека влезниците, по цени од 1.600 до 2.000 денари, ги распродале пред една недела.

Вратите за публиката во 2018-та МНТ ќе ги отвори на 10 јануари за претставата „Не се клади на Енглези“.

Би те интересирало и

Денеска Православните верници го слават Богојавление – Водици

равославните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот ...

Одбележани 112 години од раѓањето на етномузикологот Васил Хаџиманов

Васил Хаџиманов е еден од најголемите и најупорните македонски истражувачи од областа на етномузикологијата, мелографијата и ...