Прилепски крадец се „офајдил“ со 5000 евра

Скопската полиција поднесе кривична пријава против дваесет и шестгодишниот Д.М. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „тешка кражба“.

Пријавениот на 20.02.2016 година во стан на ул. ,,Братфорска“ Скопје со подесен клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел 65.000 денари, 400 американски долари, златен накит и два комплета од сваровски и привезоци, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 300.000 денари  – информира денеска МВР.

Би те интересирало и

Самоубиствен напад во џамија во Нигерија

Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен напад извршен во џамија во североисточниот нигериски град Муби. ...

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...