Прилепчанец се обидел да силува велешанка откако преку интернет се договориле за средба – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Прилепчанец се обидел да силува велешанка откако преку интернет се договориле за средба

Дваесет и седумгодишна велешанка се здобила со телесни повреди откако триесет и едногодишен, прилепанец се обидел да ја силува. Случајот во полиција го пријавила самата велешанка, која изјавила дека со прилепчанецот претходно преку социјалните мрежи се договориле за средба.

„Со возилото на Е.Ш. отишле на Спомен костурницата во Велес каде што ја присилувал на сексуален однос. Откако го одбила, тој почнал да ја удира по целото тело при што и нанел телесни повреди. Од ударите С.Ш. паднала во бесознание, а Е.Ш. ја оставил во близина на Младинскиот парк и заминал во непознат правец. Со возило на Итната медицинска помош, С.Ш. била пренесена во Општата болница во Велес каде и биле констатирани телесни повреди и била задржана на лекување“, изјави Димитар Каракулев, самостоен инспектор за превенција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

Млад кривопаланчанец,актуелен советник во Општината од опозоциската ВМРО ДПМНЕ, под дејство на алкохол викендов навредувал и се заканувал на полициски службеници

За време на викендот,22 годишен жител на Крива Паланка,лице кое се наоѓа на висока позиција ...

Маж обесен, жена во бессознание откриена дрога кај лица од Демир Капија и Кавадарци

Тежок викенд во Тиквешијата. Синоќа некаде околу 21 часот,млада жена на возраст од 37 години ...