Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите” во Лондон – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Принцовите Вилијам и Хари на премиерата на „Војна на ѕвездите” во Лондон

Британските принцови Вилијам и Хари, на изненадување на љубителите на научната фантастика, синоќа и се придружија на екипата од филмот „Војна на ѕвездите Последниот џедај” на црвениот тепих на европската премиера во Лондон.

Принцовите во концертната сала Ројал Алберт Хол, се појавија во свечени одела, а ги пречека роботчето ББ-8, коешто некако стана и  заштитно лице на новата трилогија.

Инаку, во светските медиуми периодов наголемо се говореше за тоа дека тие двајца имаат и свои епизодни улоги во филмот. Британското кралско семејство пак, одбиваше да ги коментира тие наводи. Имено, гласините говорат дека тие се појавуваат под маски на така наречените „стормтрупери”.

Би те интересирало и

Лимон за блескава насмевка, мазна кожа и сјајна коса

Лимонот најчесто е синоним за витамини и добро здравје, но може да биде делотворен и ...

Едно од најубавите островчиња на светот е затворено за туристи

  Филипинскиот остров Боракај ќе биде затворен за туристи наредниве шест месеци, поради стравувањата за ...