Притисоци и закани врз поддржувачите на реформите во ВМРО-ДПМНЕ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Притисоци и закани врз поддржувачите на реформите во ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Мета

Демократска држава е можна само ако постојат и демократски политички партии – ова е ставот на реформаторите во ВМРО ДПМНЕ, кои денеска зборуваа на јавната трибина  „Без табу-теми“. Настанот го организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Треба да се формира специјализирана институција која нема да дозволи да се случуваат криминал и корупција, но и која ќе ги отвори сите криминали од почетокот на формирање на државата за сите политички елити. Ова беше истакнато на денешната трибина, на која неколкумината претставници на реформаторите се извинија за говорот на омраза насочен кон етничките заедници. Тие исто така, ги осудија насилствата на 24 април во Собранието и соопштија дека дел од членовите на партијата, кои ги поддржале внатрепартиските реформи се соочуваат со закани и притисоци.

Според еден од водачите на движењето за реформи, Петар Богојески суштината на промените во ВМРО-ДПМНЕ е нејзината децентрализација кога станува збор за носењето одлуки.

Тој додаде дека таквиот начин на централизирано водење на партијата довело до огромна недоверба кон другите во партијата.

Според реформаторите, случувањата со Пржинскиот договор потврдиле дека Македонија е млада демократија, дека институциите не можат самостојно да ги решаваат проблемите во државата и политичките партии да бидат чинители за стабилизација.

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...