Приштина го одложи барањето на Косово за членство во УНЕСКО

Косовското министерство за надворешни работи соопшти дека го одложува барањето за членство на Косово во УНЕСКО наведувајќи дека станува збор за прагматично одложување во рамките на координација со влијание на западните земји.

„Прагматичното одложување на членството на Косово во Интерпол и УНЕСКО се потпира на блиската координација со САД и со другите земји на Квинта“, се наведува во соопштението на Министерството со кое раководи Беџет Пацоли.

Од друга страна, пак, Министерството ја информира јавноста дека процесот за членство на Косово во регионалните, континенталните и светските организации, односно во ОН, останува да биде примарна цел.

Се наведува дека Косово досега е членка во повеќе од 60 регионални, континентални и глобални организации и дека секоја акција, пријава, процедура за членство била во целост и блиско координирана со стратешките и историските сојузници на Косово, односно Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Во објаснувањето за одложувањето на барањето за членство на Косово во УНЕСКО од Министерството за надворешни работи се нагласува дека косовската влада и Министерството за надворешни работи дејствуваат на координиран начин, одговорно и во одбрана на националните интереси на Косово.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...