Пробиштипјанец обљубил 11- годишно девојче

25 -годишен пробиштипјанец извршил обљуба над 11- годишно девојче, кое претходно го запознал преку Фејсбук.

Полицијата поднесе кривична пријава против С.С. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

Пријавениот во текот на изминатото лето преку Фејсбук се запознал со единаесетгодишно девојче од Пробиштип. После неколку разговори на Фејсбук и телефонски разговори, започнал да остварува средби. На една од средбите и ја подигнал горната маица и ја фотографирал со својот телефон.

Кога девојчето сакало да ја прекине врската и се заканувал дека ке ја објави фотографијата на Фејсбук. Вечерта помеѓу 14. и 15.10.2017 година излегле заедно, по што после 02.30 часот ја одвел кај него во станот и извршил обљуба над неа, а утрото и дозволил да си оди, соопшти полицијата.

Би те интересирало и

Еден загинат во сообраќајна несреќа со автобус што патувал кон Македонија

Автобус што патувал од Германија кон Македонија вчеравечер удрил во автомобил во Шлиербах, Австрија. Како ...

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...