Проглас на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија и повик за протест

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија денеска објави проглас со кој бара од политичките партии да го почитуваат Уставот на Република Македонија и да се обврзат дека нема да работат на промена на името и суштината на нашата држава. ­

-Македонија е модерна граѓанска република. Македонците, Албанците, Србите, Ромите, Бошњаците, Турците, Власите и другите живеат во единствената матична држава на македонскиот народ, се уште во 21 век е соочен со негирање и дискриминација. Бараме ниту една политичка партија во Македонија да не ја потхранува и уважува дискриминаторската политика на одредени земји – се наведува во прогласот.

Денеска на прес ­конференција Прогласот го претставија Игор Дурловски, Александар Русјаков, Борис Дамовски, Елена Мисиркова и Богдан Илиевски од Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија.

Мисиркова повика за семакедонско, сеграѓанско помирување и смирување на страстите за, како што рече, да го осознаеме она што е виш интерес за сите оние што живееме и твориме за и во Република Македонија.

Во прогласот се бара ниту една политичка партија да не прифаќа платформи кои, како што се наведува се создадени за туѓи интереси, во туѓи држави и без изборен легитимитет, чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија, како што стои во Прогласот, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не се остапува.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...