Продолжена вонредната состојба во Тунис

Претседателот на Тунис Беџи Каид Есебси одлучи за еден месец да ја продолжи вонредната состојба во земјата, воведена заради терористички закани, соопштено е во среда од неговата канцеларија.

Во изјавата се наведува дека Есебси се консултирал со премиерот и со претседателот на парламентот на Тунис околу продолжувањето на вонредната состојба.

Вонредната состојба во Тунис беше воведена пред речиси 18 месеци по трите терористички напади во земјата, еден во познатиот музеј Бардо, кога загинаа 22 лица, друг на хотелска плажа близу градот Суса кога загинаа 38 луѓе и третиот во центарот на градот Тунис, кога во напад на автобус со обезбедување на претседателот на земјата настрадаа 12 луѓе.

За сите три напада одговорноста ја презеде Исламска држава.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Силен земјотрес го погоди островот Ероманго

Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени го погоди островот Ероманго во државата Вануату во ...

Макрон повика на формирање контакт група за Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на формирање на ...

Close