Продолжуваат градежните активности за изградба на џамија на Попова Шапка која нема одобрение за градба

На туристичкиот центар Попова Шапка денеска можеше да се забележи дека два багери вршат ископи и подготвуваат темел за изградба на џамија и покрај забраната за градба на овој верски објект, издадена од Тетовскиот општински инспекторат.

Локацијата која е предвидена за изградба на џамија, се наоѓа на самиот влез на Попова Шапка во викенд населбата.

Пред неполни три месеци беше уништена бујна вегетација за подготовка на теренот за градба.

Тетовскиот инспекторат, ја запре градбата во два наврати, но инвеститорот не ги испочитува забраните градежните активности продолжуваат

Од Секторот за урбанизам при Општина Тетово, велат дека на локацијата каде моментално се вршат градежни активности, нема издадено одобрение за градба на верски објект џамија. На таа локација па и во целата викенд населба не смее ништо да се гради, затоа што за местото се уште нема изработено детален урбанистички план, велат од секторот за урбанзам.

Од тетовското муфтиство при Исламската верска заедница, тврдат дека немаат никаква поврзаност со изградбата на верскиот објект на Попова Шапка. Но пред околу три месеци, првиот човек на тетовското муфтиство Ќани Несими, за регионалната телевизија Коха изјави дека на Попова Шапка ќе се гради Џамија по сите стандарди и прописи.

– Ние како Исламска верска заедница сме направиле проект за изградба на овој верски објект. Тој проект набргу ќе се реализира, за да имаме една џамија на Попова Шапка. Ние сега ги правиме првите чекори на овој проект. Во месец април ќе почнеме со изградба на џамијата на Попова Шапка и за за сето ова имаме дозвола од Општина Тетово, рече тетовскио муфтија Ќани Несими.

Денеска ниту од Општина Тетово ниту од градежниот државен инспекторат, не успеавме да добиеме став во врска со незаконските активности кои се вршат денеска на Попова Шапка.

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...