Продолжуваат кадровските промени во здравството

Вкупно 33 клиники и болници од денеска се со нови директори. Кадровските промени ги најави заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски, при тоа не откривајќи ги имињата на новите директори.

Според него, само мал број директори ќе ги задржат своите фотељи:

„Ги работиме документите, не ги знам сите напамет да ги соопштам. Меѓутоа денес ќе назначиме директори на 33 здравствени институции. Утре ќе продолжиме со другите и до крајот на неделата мислам дека ќе ги направиме сите промени“.

Познато е дека меѓу оние кои се менуваат, се директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова; директорот на Детската клиника Козле, Оливер Зафировски и директорката на Kлиниката за гинекологија, Марија хаџи Лега. Неделникот Фокус во меѓувреме пренесува дека на местото на Хаџи Лега доаѓа Викторија Јовановска.

Ваквите промени доаѓаат по најавата на ресорниот министер, Арбен Таравари дека кадрите нема да бидат назначувани по партиска линија, туку по стручност, професионалност и почит кон етиката на лекарската професија. Досега се разрешени директорите на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Клиниката за токсикологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кадиологија, но и Очната клиника.

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...