Продолжува блокадата на железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин поради протестот на вработените кои бараат целосна исплата на јануарската плата.

Како што информираат од Железничката станица во Скопје, и денеска не сообраќаат патничките и товарните возови.

Според организаторите на протестот, Независниот синдикат на МЖ, СЖМ-Инфраструктура и АНС – Железничар, прекинот на сообраќајот ќе продолжи се додека не се исполнат поставените барања за целосна исплата на платата за јануари.

Од „Македонски железници – Транспорт“ вчера соопштија дека до крајот на месецов ќе изнајдат начин да го исплатат првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата, што, пак, за синдикатите организатори на протестот е неприфатливо и инсистираат на целосна исплата.

МЖ Транспорт информираше и дека во соработка со Владата треба да се финализира и решението за подолгорочно решавање на состојбата во Македонски железници.

Извор: А1он

Би те интересирало и

Новиот мост на Пена може да предизвика поплави

Дел од експертската јавност и граѓаните се сомневаат дека новиот мост на река Пена кој ...

В четврток ново рочиште за Труст

В четврток е закажано ново рочиште за случајот Труст на Специјалното јавно обвинителство, кога треба ...